Младинската женска ракометна репрезентација на Македонија го запиша и третиот пораз на Европското првенство во Црна Гора.
Избраничките на Симе Симевски беа поразени од Чешка со убедливи 41-24 во последниот меч од групната фаза. Миленкоска и Тодоровска дадоа по пет погодоци, додека Гошевска имаше 12 интервенции.
Противникот отвори со 10-2, позитива со која замина на одморот (18-10). Набрзо во вториот дел Чешка дојде до двоцифрена позитива (23-13). Македонија ќе разигрува за пласман од 12 до 24 место.