Стефан Ристовски својата кариера ја продолжи во екипата на Сараево. Помалку неочекувано, искусниот десен бек се одлучи да ја прифати понудата од легендарниот босански клуб, и да ги занемари оние од Блискиот исток.
Ристовски веќе е дел од тимот, и се приклучи на подоготовките кои се во полн ек. Секако, голем удел во ваквиот развој на настаните има и Крсте Велкоски кој што од летово е еден од водечките луѓе на ФК Сараево, онаму каде што е вистинска легенда со оглед на стотиците мечеви одиграни за овој клуб.