У-20: Македонија и со втор убедлив пораз, вечерва и од Австрија!

42

Втор меч на У-20 ЕП Б дивизија за Македониј, и втор убедлив пораз. Ако на првиот меч во Ереван бевме поразени од Холандија, сега во рамките на 2.коло во групата Ц, пораз од Австрија со79:58.

Интересно е тоа што момците на селекторот Горан Самарџиев одлично го отворија мечот, имаа +1 поен во таа прва четвртина.

Сепак во втората драстичен пад во играта и конценатрацијата на нашите младинци, а и Австрија одигра поквалитно па овој период го доби со +10 поени, па на пауза се замина со 30:21 за противникот.

И во третата четвртина иста слика како во втората. Австрија го полнеше нашиот кош, а Македонија почна да игра нешто дури во последната четвртина кога се беше готово, па така успеавме само да ја ублажиме разликата, но не и да го избегнеме убедливиот пораз.

Инаку што се однесува до поентерите, најефикасен во нашиот табор беше Стојковиќ со 15 поени, додека Лукановски успеа да запише 14. Кај Австријците, и на теренот најдобар беше Омер Сулјановиќ со 19 поени.

Утре во рамките на 3.коло во групата Ц на ова У-20 ЕП Б дивизија, од 14 часот, Македонија ќе ги одмери силите со Грузија.

Дали ова е нашата шанса за прва победа на овој шампионат?

Останува да видиме.

ПретходноУтре во САД од 21 часот ПСЖ игра финале со Челзи, а на улиците на Париз ќе има 11.500 полицајци!
СледноРК Пелистер 2 потпиша со големиот талент Илијевски! (ФОТО)