Машката одбојкарска репрезентација на Македонија за играчи до 19 години денеска (15:30 ч.) ќе се сретне со Грција во првиот меч од разигрувањето за пласман од 5. до 8. место на Балканското првенство во Бања Лука. Избраниците на селекторот деан Стојанов, остварија една победа и два порази во групната фаза и не успеаја да се пробијат во битка за медал.
Сепак, заеднос о селекциите на грција, Црна Гора и БиХ во следниве два дена ќе се борат за што подобар пласман на крајот на шампионатот. Денеска се среќаваме со селекцијата на Грција која во групната фаза не успеа да оствари ниту една победа и го освои 4. место во групата „Б“. Ако го добиеме овој меч, утре ќе се сретнеме со подобриот од пресметката меѓу црна Гора и БиХ во битка за 5. позиција.