Наголемо се шпекулира дека Макс Верстапен по завршувањето на тековната сезона ќе го напушти Ред Бул и ќе се пресели во Мерцедес. Тото Волф, главниот шеф на Мерцедес има намера да понуди 100 милиони евра до Ред Бул, само светскиот првак во Ф1 да биде слободен, ако се знае дека Холанѓанецот има договор со “биковите“ до 2028 година.
Медиумите во Италија, но и во Германија, но и Ралф Шумахер откриваат една пикантерија. Имено братот на славниот Михаел, некогаш и сам возач во Ф1, открива дека не случајно Макс со својот приватен авион завчера слетал на Сардинија каде што го чекала неговата приватна јахта. А познато е дека во близина на Сардинија со својата приватна јахта крстарел и самиот Тото Волф.
“Не случајно овие денови во близина на Сардинија крстареле две јахти, на Макс и на Тото, а слушам дека веќе имале кафе муабет, далеку од очите на јавноста“ посочи Ралф Шумахер.
Така тоа го прават во Ф1, оние кои “дрмаат“ со овој спорт.
А се разбира дека Макс и Тото се веројатно главните “фаци“.
ФОТО: Ф1 Ред Бул/Х