Тејтум се обидува да го донесе Лилард во Бостон

83
фото: NBACentral (X)

Ѕвездата на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум наводно се обидува да го регрутира Демијан Лилард да се приклучи на тимот. Деветкратниот Ол-стар учесник е слободен агент откако Милвоки Бакс го отпуштија за да ослободат простор за Мајлс Тарнер.

Иако Лилард по повредата планира поголемиот дел од рехабилитацијата да ја помине на Западниот брег, тоа што има соиграч како Тејтум, кој исто така се опоравува, би можело да му обезбеди вредна ментална и емоционална поддршка.

Тејтум имаше силна сезона и се надева дека со Лилард во тимот, селтикс ќе ја вратат шампионската титула.

ПретходноЦрна Гора подобра од нашите кадети на пријателската средба во Скопје
СледноБарселона не сака да го купи Рашворд, во опција е само позајмица