Тимот на Башкими не се шегува. Летово доведе десетина веќе нови играчи со кои во следната сезона ќе тргне во атак на што подобар пласман на ПМФЛ табелата.
Најнови аквизиции на кумановци се голманот Филип Купанов, и искусниот стопер Есмин Личина.
Претходно пристигнаа, интернационалци од Босна, Авганистан, Нигерија, што ќе рече дека тренерот Муарем Мураем ќе има и тоа како квалитетен состав, за да ги исполни очекувањата на бројната публика во Куманово.