Македонската У20 машка кошаркарска репрезентација предмалку на ЕП дивизија Б кое се одржува во Ерменија со конечни 92:84 ја совлада Грузија.
Во третиот натпревар, со одлична игра, особено во првото полувреме, младинската репрезентација на Македонија го совлада квалитетниот противник и остана во игра за пласман во четвртфиналната фаза.
Најдобрата четвртина во досегашниот дел од Европското првенство ја одиграа нашите млади кошаркари, реализирана во натпреварот против селекцијата на Грузија.
Со еден максимално колективен пристап, а со кој, во фазата на нападот учествуваа сите играчи кои ги испрати на теренот селекторот Горан Самарџиев, Македонија дојде до реализација на 31.поен, имаше и двоцифрени (31:20), кои беа ништо пониски, за два поени, по истекот на тој прв период, кој извесно, треба да биде и патоказ како треба да игра нашиот младински национален тим на овој шампионат во Ерменија.
По тројката на Зетов, во 14.минута, Македонија имаше највисока предност (41:28) во тој дел од мечот. Грузијците најавија „враќање“ со пет поени по ред, но Луканоски и Стојковиќ (заедно искомбинираа 21.поен) испратија нов „одговор“, ја вратија предноста на двоцифрена (45:33).
И тука не застанаа нашите момчиња, напротив, притиснаа уште повеќе, и полувремето за паметење го заклучија со плус 21.
Македонија водеше против Грузија со резултат (56:35).
Луканоски комплетираше 15.поени и шест скока), Стојковиќ имаше 13, но и девет скока, но дојде и поддршката од Ќириловски, Младеновски, Иванов, Стојанов.
Имавме и повисоки (58:35) по првите напади во третата четвртина, но тоа беа минути во кои му дозволивме на грузискиот тим да „стопи“ добар дел од таа голема позитива. Стигна Грузија и на едноцифрен минус од само девет поени (57:66). Но во вистинско време дојде тројката на Кечовски, и поентирањето на Ќириловски, за да го одбиеме тој напад наа противничката селекција, да ссе одвоиме на (71:57) по 29.минути од натпреварот. Во онаа последната примивме уште четири поени, и последната четвртина ја дочекавме со позитива од десет поени (71:61).
Слично беше нашето водство и на средината од последниот период, (81:72), а и по 38.минути игра (87:78).
Освен Луканоски и Стојковиќ, на оваа средба до двоцифрен број на поени во нашиот тим дојдоа Ќириловски и Иванов.
Со 18.поени (имаше и четири скока), Ќириловски беше и прв стрелец во нашата репрезентација „Под 20“ години.
Луканоски дојде до двоен ефект, изразен со реализација на 17.поени и 11.скока. Иванов заврши со 14.поени (плус по три скока и три асистенции), додека Стојковиќ имаше 13.поени и 11.скока.
А свој придонес во првиот успех на Македонија на шампионатот, дадоа и Стојанов, кој реализираше 13. поени, а имаше и одлични девет асистенции, Кечовски, кој даде осум, и Младеновски кој беше реализатор на шест поени.
Наредниот меч за нашата младинска селекција следува на 15.јули (вторник), во еден доста ран термин, од 10.30 часот, во кој за противник ја имаме репрезентацијата на Швајцарија.
ЕП ДИВИЗИЈА Б „ПОД 20“- МАЖИ – ЕРЕВАН
РЕЗУЛТАТИ – ТРЕТО КОЛО
ГРУПА Ц
МАКЕДОНИЈА – Грузија 92:84
16.30: Холандија – Швајцарија
19.00: Данска – Австрија
ТАБЕЛА
1.Австрија (-1) 2 2 0 168:136 4
2.Грузија 3 1 2 258:262 4
3..МАКЕДОНИЈА 3 1 2 208:241 4
4.Швајцарија (-1) 2 1 1 167:177 3
5..Данска (-1) 2 1 1 164:168 3
ИДНО КОЛО – 15.ЈУЛИ (ВТОРНИК)
10.30: Швајцарија – МАКЕДОНИЈА
14.00: Австрија – Холандија
16.30: Грузија – Данска