За крај пораз од Босна: Јуниорките завршија 18-ти во Литванија

39
Фото; ФИБА

Женската јуниорска репрезентација на Македонија со пораз се одјави од Европското првенство Дивизија Б кое се одржува во Литванија. По првиот триумф над Австрија нашите кошаркарки денеска се поразени од БиХ со 69-79 во битката за 17-то место.

Со скор од пет порази и една победа, Македонија заврши на 18-тото место во конкуренција на 20 екипи.

Нашата репрезентација мечот го загуби во првото полувреме по кое имаше негатива од 26-53. Македонија одигра добра последна четвртина, ја доби со 28-9, но тоа не беше доволно за целосен пресврт и покрај тоа што противникот беше надвор од ритам.

Ања Начевска имаше дабл-дабл од 16 поени и 17 скока, додека прв стрелец беше Теа Трајковска со 19 поени и 8 скока.

ПретходноБугариќ е првак на Македонија
СледноСКП финале: Може ли Челзи да ја сопре “машината“ на Луис Енрике?