Машката одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години со пласман на шестото место го заврши настапот на БВА Балканскиот шампионат во Бања Лука.
Во последниот меч од разигрувањето за пласман на 5. место, нашите надежи загубија со 1:3 (17:25, 25:20, 19:25, 22:25) од селекцијата на Црна Гора.
Младите надежи имаа одлично претставување на Балканијадата на која запишаа две победи над БиХ со 3:1 (во групната фаза) и над Грција со 3:2 во разигрувањето за пласман. Загубивме од Романија, 3:2 по голема борба, како и од Турција (3:0) во групата, додека Црна Гора славеше со 3:1 во последниот меч.