ПСЖ понижен, Челзи е новиот планетарен владетел (ВИДEO)

128
фото: Chelsea FC (X)

Фудбалерите на Челзи се новите светски шампиони. Вечерва во големото финале на Светското клупско првенство во САД, „сините“ го победија актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен со убедливи 3:0.

Така, по втор пат во историјата, Челзи официјално е најдобриот клуб на планетата, а најзаслужен за оваа титула е феноменалниот офанзивен играч на клубот од Лондон, Кол Палмер, кој вечерва одигра совршен натпревар, постигна два прекрасни гола и додаде асистенција за Жоао Педро.

Во 22-та минута Кол Палмер го отвори резултатот, а само осум минути подоцна веќе беше 2:0 за Челзи, а „магичниот“ Палмер повторно блесна со гол.

По двата гола, Палмер покажа дека може и да асистира. Во 43-та минута англискиот репрезентативец ја мина одбраната на европските шампиони со едно додавање и го пронајде новото засилување Жоао Педро, кој повторно покажа дека Енцо Мареска „погоди џекпотот“ со неговото доведување.

Во вториот дел ПСЖ имаше неколку колосални шанси за гол, но мрежите мируваа. Фрустрацијата кај ПСЖ најдобро ја отсликува моментот на пет минути пред крајот кога Невес го повлече Кукуреља за коса и доби директен црвен картон.

ПретходноПоради поплаки на горештината: Натпреварите на СП 2026 ќе се играат на покриени стадиони