СКП финале: Може ли Челзи да ја сопре “машината“ на Луис Енрике?

103

Вечерва во 21 часот на “МетЛајф“ стадионот во Њу Џерси се игра финалето на СКП. Вечерва во завршниот меч на ова по малку контроверзно првенство, Челзи и ПСЖ решаваат кој ќе се искачи на фудбалскиот Олимп.

И веднаш се поставува прашањето дали може или како, Челзи да ја сопре “машината“ на Луис Енрике? „Сините“ од Лондон секако дека го сакаат пехарот, но “светците“ сакаат сезоната 2024/25 да ја заокружат со уште еден пехар, да бидат и светски прваци.May be an image of 2 people, people playing football, people playing soccer and text

Шампиони на Франција, победници во Купот и Суперкупот на Франција, освојувачи на Лигата на Шампионите и вечерва имаат шанса да дојдат до пехарот на СКП. Ова е билансот на страшниот ПСЖ.

Факт е дека ПСЖ игра фудбал како да од некоја друга планета. Усман Дембеле, ако го освои и овој пехар нема дилеми дека ќе ја добие “Златната топка“, и другарите не само што победуваат туку и ги мелат своите противници.Против Интер, во ЛШ, 5:0, со Атлетико Мадрид 4:0, со Баерн Минхен 2:0, против Реал во полуфиналето 4:0. Ова се само дел од резултатите на последните мечеви во овие месец и половина.

Овој ПСЖ е страшен, им влева страв во коски на сите свои ривали, ги прави смешни и едни такви гиганти како Интер, Баерн и Реал. Ова ќе биде 12 финале на клупско ниво на Луис Енрике во неговата кариера и досега нема пораз.

Јасно е дека Челзи ако сака победа, тимот на Мареска не смее, ама никако не смее во првите 15-20 минути да прими гол. Ако тоа се случи тогаш финалето ќе оди само во еден правец.

Фановите очекуваат ново шоу на “светците“, нова голеда, нова победа на ПСЖ. Сепак фудбалот е чуден, некогаш знае да си поигра со судбината.

Колку ПСЖ е моќен, силен, страшен, фантастичен, никој не смее предвреме да го отпише.

Да, на крај да кажеме дека во ложата на стадионот во Њу Џерси ќе биде и претседателот на САД, Доналд Трамп.

ФОТО: FIFA Club World Kup/X

ПретходноЗа крај пораз од Босна: Јуниорките завршија 18-ти во Литванија
СледноПартизан во новата сезона ќе биде домаќин надвор од Србија