Екипата на Tиквеш славеше со 1:0 во првиот пријателски натпревар одигран како дел од подготовките за новата прволигашка сезона. Кавадарчани денеска на стадионот во Ѓорче Петров со голот на Миловановиќ во 85. минута славеа против повратникот во елитата, Македонија ЃП.
Од вторник, екипата на Тиквеш заминува и на 10-дневни подготовки во Турција, каде треба да го мине и главниот дел од подготовката за новата сезона.