Фиорентина го купува дефанзивецот на Барселона

205
ФОТО: EMAN KOSPO X

Кориере Дело Спорт, денеска објавува дека екипите на Барселона и Фиорентина постигнале договор за трансфер на 18. годишниот Еман Коспо во Фиренца. Момчето кое што досега беше дел од Ла Масија, поточно од вториот тим на Барса, заминува во Фиорентина, откако овој клуб се одлучи да плати нешто помалку од милион евра за него. Секако, ќе има и клаузула за целосен откуп.

Коспо е Швајцарец и е висок 191 см. Во текот на претходната сезона, тој одигра 12 натпревари за вториот тим на Барселона, од кои три беа во Младинската Лига на шампиони. Инаку тој е дете на Грасхоперс. 

 

ПретходноЕП дивизија Б „под 20“ мажи: Одличен триумф над Грузија
СледноБашкими не застанува, Купанов на голот, Личина во одбраната (ВИДЕО)