Јаник за историја: Прв Италијанец кој го освои Вимблдон

128
фото: Wimbledon (X)

Најдобриот тенисер на светот, Јаник Синер, стигна до својот прв трофеј на Вимблдон откако го доби финалето против двократниот шампион Карлос Алкараз со резултат 3:1 (4:6, 6:4, 6:4, 6:4) и со тоа докажа дека во моментов е број 1.

По првиот сет кој го освои шпанецот, Јаник се врати со моќни два сета во кои направи пресврт за предност од 2:1, а во четвртиот сет иако го искористи сето свое оружје, Алкараз на успеа да се избори и за петти сет.

Со вечерашниот триумф против Алкараз, Синер ја прекина доминацијата на Карлос во меѓусебните дуели, откако Шпанецот победи во пет претходни натпревари. Синер стана првиот Италијанец во историјата кој го освои најпрестижниот Грен Слем во сезоната. Досега најголем успех од италијанските тенисери имаше Матео Беретини кој во 2021 година стигна до финалето и беше поразен од Новак Ѓоковиќ.

ПретходноЈуниорите поразени и на вториот тест со Швајцарија
СледноЦрна Гора подобра од нашите кадети на пријателската средба во Скопје