Јуниорите поразени и на вториот тест со Швајцарија

41
фото: kfsm.mk

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години го загуби и вториот контролен натпревар против Швајцарија одигран на „неутрален терен“ во Ботевград. За разлика од првиот, противникот покажа доста повеќе и славеше убедлив триумф – 96:76

Ефикасно доста поскромна игра прикажа селекцијата која ја преводи селекторот Горан Адреевски на втората проверка.

Швајцарија се стекна со солидна предност во првите десет минути од играта (21:14), која до полувремето „порасна“ на (41:30).

Најизедначен беше третиот период од „контролата“ во која нашиот јуниорски тим постигна 24 поени, но успеа да ја намали предноста на противникот само за еден поен (54:64). Но не и да направи нешто повеќе од тоа, Швајцарија ја врати контролата над играта и резултатот во последните десет минути направи исто толкав „вишок“, за конечен плус од 20.поени (96:76).

Во отсуство на капитенот Јаничиќ, Димовски како негов заменик, постигна најмногу поени – 17, имаше и шест скока, додека по 11 реализации имаа Ѓорѓевиќ и Стојановски. Цветковски даде девет, Најков имаше осум, како стартер, Сребров дојде до шест, по четири уфрлија Данев, Малиниќ и Нешовиќ, а Бајалџиев два.

ПретходноТиквеш славеше против Македонија ЃП во првата контрола
СледноЈаник за историја: Прв Италијанец кој го освои Вимблдон