Барселона не сака да го купи Рашворд, во опција е само позајмица

114
фото: Manchester United (X)

Барселона нема намера да го откупи договорот на Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед и размислува самоза негова позајмица на една сезона.

Како што известува новинарот Флоријан Плетенберг, Каталонците не кријат за интересот за Англичанецот, но нема да даваат пари за негова слобода. Самиот Рашфорд е многу заинтересиран за трансферот и веќе дал прелиминарна согласност.

Манчестер Јунајтед потврди дека засега нема договор со Барселона. Претходно беше објавено дека Англичаните чекаат понуда од Барселона за крилниот напаѓач.

ПретходноТејтум се обидува да го донесе Лилард во Бостон
СледноДебакл на ПСЖ во првото полувреме, Челзи води со 3:0 (ВИДЕО)