Бугариќ е првак на Македонија

77
Фото: www.mtftennis.mk

Дејвис куп репрезентативецот на Македонија Берг Бугариќ е новиот шампион на Македонија во тенис откако денеска во финалето на Државното првенство го совлада репрезентативниот колега младиот Кристијан Јанев. Бугариќ прикажа сигурна игра и со тоа ја оправда фаворитската улога совладувајќи го ривалот со 2-0 во сетови (62 60). За двајцата тенисери ова беше прво финале на државното првенство.

На овој начин Бугариќ годинава стигна до двојна круна откако вчера во конкуренција на двојки со Елдин Хусеиновиќ ја освија титулата.

Шампионка кај жените е Александра Симева која беше подобра од Теона Андова.

ПретходноСиннер vs Алкараз – мега судир за трофејот на Вимблдон
СледноЗа крај пораз од Босна: Јуниорките завршија 18-ти во Литванија