Меч кој мора да се добие: Шкендија на реваншот со ТНС ќе игра и за 2 милиони евра!

1325

Во вторник навечер од 20 часот, на Арената во Скопје, нашиот шампион игра екстра значаен европски натпревар. По тие 0:0 во Велс, Шкендија во реваншот од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите има супер шанса, се разбира со победа, не само да си осигура најмалку пласман во плеј – офот во Лигата на Конференции, туку и да ја наполни клупската каса со блиску 2 милиони евра.

А, како тоа?

Во случај да го победи ТНС, односно да се пласира натаму, тогаш во 2.квалификациско коло во ЛШ најверојатно ќе игра со ФЦСБ од Романија, ако се знае дека овој тим од првиот меч со Ескалдес (Андора) има предност од 3:1.

И ако Шкендија биде поразена во таа втора рунда, тогаш ќе се пресели во 3.квалификациско коло во Лигата на Европа. И ако таму биде елиминирана, тогаш ќе игра во плеј – офот во Лигата на Конференции.

Исто како Шкупи во 2022 година. Слично и како Струга ТЛ во 2023, со таа разлика што тогаш стружани дојдоа во плеј – офот преку победи во 2. и 3.коло во Лигата на Конференции со Будуќност и Есперанж.

Ова значи дека ако Шкендија го мине ТНС ќе игра најмалку во плеј – офот во ЛК и ќе заработи ова лето најмалку 2 милиони евра.

Па така јасно е дека тетовци мора да победат на реваншот со ТНС и да одат натаму.

Во случај да не го мине ТНС, тогаш Шкендија веднаш се сели во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции и со тоа ќе заработат најмалку еден милион евра, или двојно помалку.

Ете затоа на овој реванш со ТНС екипата на Шкендија, мора да слави победа.

ФОТО: КФ Шкендија/ФБ

ПретходноЛамине Јамал од денеска е полнолетен: Роденденот го прослави со луда забава (ФОТО)
СледноДве јахти, кафе муабет и договор на тајниот состанок на Сардинија?!