Црна Гора подобра од нашите кадети на пријателската средба во Скопје

69
фото: kfsm.mk

Во првиот контролен натпревар за време на подготовките, кадетската репрезентација на Македонија до 16 години забележа пораз од Црна Гора. Гостите беа подобри во најголем дел од „контролата“ во СРЦ „Кале“, и славеа со 72:94.

Гиновски беше прв поентер во селекцијата на Македонија со 14 поени (имаше и четири скока и четири додавања). Го следеше Сотир, кој уфрли 12 поени (четири скока и исто толку асистенции). Илиев постигна десет, Беговски имаше девет (плус седум скока и две блокади), колку што реализираше и Чучанов (четири скока и две асистенции), од оние играчи кои беа стартери на овој натпревар за нашата кадетска селекција.

Двете кадетски репрезентации утре попладне ќе одиграат уште еден контролен меч, закажан е во 13 часот, исто така во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

ПретходноЈаник за историја: Прв Италијанец кој го освои Вимблдон
СледноТејтум се обидува да го донесе Лилард во Бостон