Кошаркарскиот клуб Денвер Нагетс синоќа потврди дека го договори литванскиот центар Јонас Валанчунас. Тој им се придружи од Сакраменто како дел од размена во која хрватскиот центар Дарио Шариќ се приклучи на Кингс.
Европските и американските медиуми објавија дека Валанчунас побарал од Денвер да го откупи неговиот договор за да потпише за грчкиот тим Панатинаикос, но тоа не се случи.
Литванскиот центар ја започна минатата сезона во НБА во Вашингтон, а ја заврши во Сакраменто, со просек од 10,4 поени, 7,7 скока и две асистенции.
Тој игра во НБА од 2012 година, а играл и за Њу Орлеанс, Мемфис и Торонто.
Валанчунас е четвртото засилување на Денвер во меѓусезоната, по Камерон Џонсон, Брус Браун и Тим Хардавеј Јуниор.
Welcome to Denver, Jonas! 🏔️ pic.twitter.com/jAMKV8yQ0Q
— Denver Nuggets (@nuggets) July 13, 2025