Енрике се огласи по тепачката: Мојата намера беше да ги разделам играчите

636

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изјави дека се обидел да ги раздели играчите за време на судирот што се случи по поразот на неговиот тим од Челзи во финалето на Светското клупско првенство. Според снимките, Енрике не беше мирен чин, тој го турна го Жоао Педро на земја и го удри со тупаници.

Финалето, кое Челзи го доби со 3-0, беше обележано со напната завршница откако Жоао Невес од ПСЖ беше исклучен во 86-тата минута затоа што го влечеше Марко Кукурела за коса. Играчите од двата тима се судрија по последниот свиреж.

„Немам проблем да признаам како се чувствував по натпреварот под таков притисок. Сите сме под стрес. Невозможно е целосно да се избегне тоа. Сите беа вклучени. Не е најдоброто нешто, но е резултат на големиот притисок што доаѓа со ваков натпревар. Го видов менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, и тој ги туркаше другите. Моравме да ги разделиме играчите и не знам точно каде започна сè. Но, ова се ситуации што сите мора да ги избегнуваме. Само по себе е јасно. Мојата намера беше да ги разделам играчите за да не се влоши ситуацијата.“

По поразот што го лиши ПСЖ од можноста да ја заокружи сезоната во која ја освои Лигата на шампионите со Светското клупско првенство, Луис Енрике рече дека неговиот тим не е „губитник“.

„Ние не сме губитници, тука нема губитници“, рече тој. „Ние сме второпласирани. Губитникот е оној што се откажува и останува во кревет. На ова ниво на спорт, нема губитници.“

Луис Енрике и ПСЖ сега се на одмор, а ќе се вратат во натпреварувачки ритам викендот на 17 август кога ќе започне новата сезона во Лига 1.

ПретходноХаос по финалето на Светското клупско првенство: Луис Енрике удри играч на Челзи (ВИДЕО)
СледноЛуди сцени: Трамп го предаде трофејот на Челзи и одби да ја напушти прославата (ВИДЕО)