Арабел Рустемовски освои бронза на јуниорското ЕП во Србија

112

Младиот македонски боксер Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Во полуфиналето Рустемовски загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија и не успеа да се пласира во финалето.

Претходно, нашиот боксер во категоријата до 52 килограми славеше над Русинот Мисиук и Србинот Јосијевиќ.

ПретходноБохум потврди дека го раскина договорот со Елези
СледноЛина со победа тргна на Челинџерот во Рим