Повратникот во нашата елитна лига, тимот на Башкими, попладнево во Банско ја одигра својата прва контрола во текот на овие подготовки, и тоа против ЦСМ Слатина, од Романија. Резултатот на крајот беше 0:0, тоа значи дека новиот стратег на кумановскиот прволигаш, Муарем Муарем, тргна со реми со тимот на Башкими.
Инаку експедицијата на кумановци во Банско ќе ја одработи главната фаза од подготовките и притоа ќе одигра и уште неколку пријателски мечеви.
Што се однесува до летниот преоден рок, Башкими е еден од најактивните наши клубови, засега се засили со неколку домашни играчи, како и со фудбалери од БиХ, Авганистан, Нигерија.