Шкендија на реваншот со ТНС, во рамките на 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, утре од 20 часот тргнува со 0:0, резултат од првиот меч. Ова е добар резултат, тоа значи дека со било каква победа нашиот шампион ќе оди во следната рунда.
За да се победи потребни се гол(ови), а тоа најдобро знае да го прави Бесарт Ибраими.
И тој е свесен дека од него се очекуваат голови, а еве што кажа денеска пресот „кралот“ на головите:
“Мојата работа е да постигнувам голови и јас не бегам од тоа. Сепак не е важно против ТНС дали јас ќе постигнан гол, најважно е Шкендија да победи и да се пласира во следната фаза. Сите знаеме дека утре не очекува тежок меч со тимот од Велс, но ние ќе сториме се што треба да ја оствариме целта и да ги израдуваме нашите фанови“ посочи Ибраими.