Голманот Мелин Фехми и десниот бек Алдин Фехми се обврзаа на договор до јуни 2029 година со Еурофарм Пелистер 2. 16-годишниот Мелин и 18-годишниот Алдин се веќе неколку години дел од семејството Е. Пелистер. Овие момчиња се родени во Кичево, но во Битола добија шанса да играат ракомет на највисоко ниво за нивната возраст и истата ја искористија. Со Мелин и Алдин во тимот, младинската екипа на Е. Пелистер го освои четвртото место во првото издание на младинската Лига на шампиони.
Двата браќа Фехми уште од следната недела ќе му се стават на располагање на тренерот Александар Зарков и неговиот стручен штаб во подготовките за суперлигашката сезона на Еурофарм Пелистер 2.