Илиевски: Секој искусен играч ќе недостасува, но тие што се тука ќе ги искористиме

59

Денеска во Скопје, новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски, го одржа првиот собир пред претстојните претквалификации за Светското првенство кое ќе се одржи во 2027 година. Пред новинарите, Илиевски зборуваше за состојбата во националниот тим и ростерот со кој ќе располага.

„Навистина е жалосно што од самите играчи и од клубовите доаѓаат информации за кои за мене се неприфатливи, како ’не е страшно ова се претквалификации за Светско првенство, сите ќе бидеме тука за Европско’. Тоа е едно такво селектирање индивидуално кое е неблагодарно. Јас верувам дека овие играчи кои се денеска тука ќе имаат простор и во иднина и од тука ќе направиме еден пресек на тоа што значи и како се размислува за репрезентацијата. Мојата цел е конечно да добие простор некој од помладите играчи особено во бековската позиција каде имаме квалитетни играчи ако се во добар здравствен биланс. Неблагодарно е да кажам до каде сме, бидејќи спортот е за сите, да учествуваат, да победат и да покажат најдобро спортско издание. Не сакаме да бидеме негативни и да велиме дека поради тоа што дел од играчите не се вклучени ќе биде состојбата ваква или таква. Факт е дека секој искусен играч ќе недостасува, но тие што се тука ќе ги искористиме во најдобро можно светло“, вели Илиевски на првиот собир.

Македонија во продолжение ја чекаат подготовки во Гевгелија, се до првите дуели со Романија и Унгарија во август.

 

ПретходноБашкими одигра без голови на контролата со ЦСМ Слатина!
СледноОфицијално: Тиквеш го потврди потписот на Ивановски