Сега е веќе официјално. Лука Модриќ од пред неколку минути е нов член на Милан. Легендарниот Хрват по цели 13 сезони минати во Реал Мадрид, откако не му беше продолжен договорот со “кралевите“, одлучи својата кариера да ја мине во италијанскиот гигант од Милано.
Лука денеска прво ги мина лекарските прегледи а потоа стави и потпис на догворот со Милан.
Откако сите формалности завршија, како што и личи, Лука Модриќ позираше во дресот на својот нов клуб.
Секако, без разлика на годините, Хрватот ќе биде големо и екстра засилување клубот од Милано.