Кадетите повторно поразени од Црна Гора!

29
ФОТО: KFSM.mk

Машката кадетска репрезентација на Македонија забележа пораз и на вториот контролен меч против селекцијата на Црна Гора, овојпат со 62:75.

Црногорците ја имаа предноста, практично од првата до последната минута на дуелот во СРЦ „Кале“, и потврдија дека во овој момент се подобра селекција од нашата, на која и претстои оној втор дел од подготовките за настап на ЕП од Дивизијата „Б“ кое од 7. до 16.август ќе се игра во Скопје.

Гостите од Црна Гора брзо стигнаа до почетна предност на втората „контрола“. Во седмата минута веќе имаа високи (22:9), а до крајот на првата четвртина нашите кадети намалија на (16:26).

По поените на Чучанов (негов осми), во средината на вториот период, Македонија намали на (24:31). Но слично како и на првата средба, Црногорците лесно одговорија. За кратко време ја вратија предноста на високи (38:24), кога се играше 18.минута од втората проверка во СРЦ „Кале“.

На полувремето, гостите водеа со (39:26)…Без некои особени промени во играта и резултатот се играше и во продолжението. Имавме проблеми со реализацијата, што противникот знаеше да го казнува и својата предност да ја зголеми на плус од 20.поени (50:30), како што стоеше на семафорот во 25.минута.  

Со серијата од (11-6), до крајот на тој дел од „контролата“, нашите кадети намалија на (41:56).

Во средишниот дел од последната четвртина, Македонија се доближи на пониски, (50:62), но нашите млади кошаркари не го направија оној следен чекор, да ја сведат негативата на достижна. Кадетите на Црна Гора уште еднаш се одбранија, поведоа со (70:53) на нешто повеќе од две минути до крајот.  

Чучанов реализираше 16.поени (имаше и девет скока) за нашата селекција „Под 16“ години, двоен број на поени имаше Сотир вкупно 14 (и четири скока), капитенот Гиновски додаде уште 12 (и по три скока и асистенции), Шабани имаше осум, исто толку и Беговски, кој додаде и седум скокови.

ПретходноМакедонија сепак со Американец во составот!
СледноСтефан Ристовски ги одигра првите минути за Сараево!