Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски успешно ги мина квалификациите и се пласира на главниот турнир во Сан Марино. Македонскиот тенисер денеска славеше над Франциско Форти од Италија, со 2:1 во сетови па така ќе игра на Челимнџерот 125 во Сан Марино.
Ивановски го загуби првиот сет со 6:7, но затоа во двата следни беше подобар од Форти со 6:4 и 6:4 за конечна победа од 2:1.
И дефинитивно Калин Ивановски потврдува дека е во добра форма и дека се враќа на старите патеки по повредата која минатата сезона го одалечи од тениските терени.