Македонската тенисерка Лина Ѓорческа имаше повеќе од убедлив старт на Челинџер турнирот во Рим 125 што се игра за награден фонд од 100.000 евра. Таа вечерва во првото коло ја совлада Лаура Пигоси од Бразил со 2-0 во сетови (61 61) за 87 минути игра.
Во првиот сет македонскат тенисерка имаше одличен почеток и поведе со 4:0 во гемови, а потоа ривалката освои еден гем, за Ѓорческа да го освои сетот со 6:1 и да поведе со 1-0. Во вториот сет по 1:1 во гемови Лина беше убедлива и со серија од пет гема стигна уште еднаш до 6:1 во гемови и 2-0 во сетови.
Македонската тенисерка утре е слободна, а во мечот од второто коло ќе игра со победничката од мечот меѓу Доминика Салкова (6.носителка, Чешка) и Петра Марчинко (Хрватска).