Македонија сепак со Американец во составот!

289

Македонската кошаркарска репрезентација денеска означи старт на подготовките за претквалификациите за СК 2027 година каде за противник ќе ги има Унгарија и Романија.

Новиот селектор, Марјан Илиевски во овој важен циклус нема да смета на неколкумина стандарни кошаркари,како Војдан Стојановски, кој поради приватни причини не може да одговори на повикот, Ненад Димитријевиќ, кој во овој момент решава клупско прашање, Андреј Маслинко, неговото оправдување е повреда, поради истата причина ќе ги нема и Стојан Ѓуроски, Кристијан Николов и Страхил Николов. Поради приватни причини ќе го нема Дамјан Робев, а додека ќе го нема ниту Лејсон Зекири.

На денешниот собир, имаше само десет кошаркари.

Иако беше најавено дека нема да се бара помош од Американец со македонски пасош, сепак во последен момент повикан е Џејкоб Вајли.

Од првичниот поширок список, Илиевски на располагање ќе има 17 кошаркари, со тоа што Јакимовски, Симиќ и Мекиќ ќе се приклучат на крајот на оваа недела кога нашата репрезентација ќе се пресели во Гевгелија. Во овој град се предвидени и две контроли против Швајцарија.

Во стручниот штаба на Илиевски има промени на местото на Боби Митев ќе биде Миодраг Тодоровиќ. Покрај него на селекторот ќе му асистираат Борче Даскаловски и Мирко Петревски.

Македонија на втори август во Куманово ја пречекува Романија, седум дена подоцна (9 август) е гостин на Унгарија, по штп на 13-ти истиот месец игра исто на гостински терен кај Романија. Овие претквалификации ги затвра на 20 август против Унгарија на домашен терен.

СОСТАВ МАКЕДОНИЈА

Марин Петков – МЗТ Скопје

Андреј Магдевски – МЗТ Скопје

Андреј Андоновски – МЗТ Скопје

Марко Миловановиќ – МЗТ Скопје

Виктор Ефремовски – Работнички

Амар Хот – Работнички

Џејкоб Вајли

Валмир Какруки – Чаир 2020

Адем Мекиќ – Бора, Косово

Теодор Симиќ – Кожув

Лука Стојановски – Пелистер

Андреј Митревски – Феникс

Стефан Стојковиќ – Феникс

Максим Митевски – Гостивар

Никола Јанчиќ – Водно Санс

Марко Луканоски – Игокеа, Босна

Лука Савичевиќ – Лафајет Л, САД

Андреј Јакимовски – Унибаскет Л, Италија

ПретходноБраќата Фехми со нови договори, ќе играат за РК Пелистер 2!(ФОТО)
СледноКадетите повторно поразени од Црна Гора!