Македонија со четири претставници од 16 до 20 јули на ЕП во Острава!

19
ФОТО: Pingpongarska federacija na Makedonija

Моника Стајковска, Кристијан Каламадевски во категорија У15 и Софија Хасану и Лука Стојчев во категорија У19 ќе учествуваат на Европското првенство во Чешка. Првенството започна на 11 Јули, а ќе трае до 20 Јули.

Македонските репрезентативци настапуваат во поединечна категорија, во двојки и мешани двојки и настапот ќе го започнат на 16 Јули, кога е предвиден делот за поединечните натпреварувања. На Европското претходеа подготовки на репрезентативците со селекторот Милош Миленковиќ.

Македонија секогаш има место на најголемите меѓународни, европски натпреварувања и учеството на младите таленти значи вложување во нашето меѓународното претставување и напредок.

ПретходноКолку сме толку сме: Македонија е повик кој не се одбива! (ФОТО)
СледноИ официјално: Лука Модриќ потпиша за Милан и веднаш позираше со дресот на својот нов клуб! (ФОТО)