Насер Ал-Келаифи: Мора да останеме скромни, затоа овој пораз е добредојден

99
Фото: Paris Saint-Germain @PSG_English Х

Челзи го освои Светското клупско првенство победувајќи го ПСЖ со 3-0 во финалето. Францускиот тим не успеа да освои четврти голем трофеј оваа сезона, но не жалат за тоа, напротив.

Ова го откри претседателот Насер Ал-Келаифи, кој одговори на новинарско прашање дали се чувствува фрустриран или горд по тешкиот пораз во финалето:

„Многу сме горди! Она што го направивме оваа сезона е величествено. Вистина е дека го загубивме финалето на Светското првенство, но тоа е фудбалот. Горд сум на мојот тим. Овој пораз е добар за нас бидејќи мора да останеме скромни.“

ПСЖ на тој начин ја заврши најдобрата сезона во историјата на клубот во која го освоија француското првенство, националниот куп и Лигата на шампионите, а воедно стигнаа до финалето на Светското клупско првенство.

ПретходноШокантна снимка: Вучиќ преку милионер сурово се одмаздува на семејството Ѓоковиќ (ВИДЕО)
СледноЈамал на удар: На роденденската забава најмил „џуџиња“ за атракција