Њукасл нуди 70 милиони за Хуго Екитике

34
фото: Fabrizio Romano (X)

Како што јавуваат повеќе светски медиуми вечерва, Њукасл понудил рекордни 70 милиони евра за потписот на францускиот фудбалер Хуго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт.

По трансферот на Антони Еланга, Њукасл тргнува по големиот талент на германскиот клуб. Популарниот Фабрицио Романо известува дека денес Њукасл доставил понуда која изнесувала над 70 милиони евра за младиот Екитике.

Минатата сезона, Екитике одигра 33 натпревари и постигна 15 гола во дресот на Франкфурт.

ПретходноАморим со двајца фудбалери на Манчестер Ј. положи венец пред „Енфилд“ (ФОТО)
СледноГарначо и дефинитивно ја одбил понудата на Ал-Наср!