Аморим со двајца фудбалери на Манчестер Ј. положи венец пред „Енфилд“ (ФОТО)

84

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, и португалските играчи од редовите на „црвените ѓаволи“, Бруно Фернандеш и Диого Далот, положија цвеќе на споменикот пред Енфилд.

„Почивајте во мир Диого и Андре. Најдлабоко сочувство од целиот Манчестер Јунајтед“, пишуваше на венецот кој го положија.

Напаѓачот на Ливерпул и неговиот брат Андре Тешеира да Силва, кој играше за Пенафиел во втората лига на Португалија, загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија на 3 јули.

ПретходноБилетите за мечот Работнички – Торпедо пуштени во продажба
СледноЊукасл нуди 70 милиони за Хуго Екитике