Башкими одигра без голови на контролата со ЦСМ Слатина!

103

Повратникот во нашата елитна лига, тимот на Башкими, попладнево во Банско ја одигра својата прва контрола во текот на овие подготовки, и тоа против ЦСМ Слатина, од Романија. Резултатот на крајот беше 0:0, тоа значи дека новиот стратег на кумановскиот прволигаш, Муарем Муарем, тргна со реми со тимот на Башкими.

Инаку експедицијата на кумановци во Банско ќе ја одработи главната фаза од подготовките и притоа ќе одигра и уште неколку пријателски мечеви.

Што се однесува до летниот преоден рок, Башкими е еден од најактивните наши клубови, засега се засили со неколку домашни играчи, како и со фудбалери од БиХ, Авганистан, Нигерија.

ПретходноИ официјално: Лука Модриќ потпиша за Милан и веднаш позираше со дресот на својот нов клуб! (ФОТО)
СледноИлиевски: Секој искусен играч ќе недостасува, но тие што се тука ќе ги искористиме