Беќири: Утре Шкендија ќе го даде максимумот за да пројде понатаму

77

Актуелниот македонски фудбалски шампион, тимот на Шкендија, утре со почеток од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје ќе го одигра реванш дуелот од првото квалификациско коло од Лигата на Шампионите против тимот на ТНС од Велс.

Првиот меч на гостински терен заврши 0:0, па Шкендија има добра шанса да мине во следното коло.

Тренерот на тимот Јетон Беќири на денешната официјална прес конференција истакна дека тимот е подготвен и дека се очекува поволен резултат за Шкендија утре.

„Подготвени сме за она што не очекува утре. Максимално сме сконцентрирани на вторите деведесет минути против ТНС, и спремни сме за настап. И оние кои ќе стартуваат и оние кои ќе добијат шанса од клупата. Мислам дека клучен фактор за утре е присуството на нашите навивачи за кои се очекува да ористигнат во голем број од Тетово. Атмосферата која што ќе ја направат нашите навивачи ќе ни биде од голема помош“ – изјави тренерот на Шкендија, Јетон Беќири на денешната официјална прес конференција пред утрешниот меч.

ПретходноОдбрани најдобрите единаесет на Светското клупско првенство
СледноБесарт Ибраими: Не е важно дали јас ќе постигнам гол, најважно е Шкендија да победи!