Ерменски тим кој загуби од Челзи со рекордни 8-0 го „пецна“ ПСЖ

167
Фото: https://x.com/Noah_Yerevan

Ерменскиот тим Ноа испрати порака на социјалните мрежи по финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи го победи ПСЖ со 3-0.

Стнува збор за тим кој во третото коло во Конференциското лига загуби од лондонскиот клуб со рекордни 8:0.

„Бидејќи сите го чекате ова, семејството на Ноа му честита на Челзи за нивниот неверојатен успех на Светското клупско првенство. Тоа е само уште еден доказ дека пријателите во фудбалот се поважни од сите трофеи. И претпоставуваме дека губењето од 0:8 во групната фаза е подобро од губењето од 0:3 во финалето, нели?“, напишаа тие на официјалниот профил на клубот на Х.</strong

>

ПретходноМареска: Мечот го добивме во првите десет минути
СледноМодриќ пристигна во Милано: Подготвен сум за нов предизвик