Ивановски официјално се врати во Тиквеш

619

Од денеска официјално Иван Ивановски повторно е дел од тимот на Тиквеш. Брзиот крилен напаѓач се враќа во старото јато, каде што реално и ја доживеа својата фудбалска афирмација.

Изминатата сезона беше дел од екипата на Гостивар, но по распаѓањето на овој клуб, и напуштањето на ПМФЛ шампионатот, сите играчи од таму си заминаа.

Ивановски имаше опции да замине и во некој од другите ПМФЛ екипи, како и во странство, но се реши да се врати во Тиквеш и повторно пред своја публика што се вели да се докаже повторно.

 

ПретходноМодриќ пристигна во Милано: Подготвен сум за нов предизвик
СледноАрсенал доведе нов стопер