Калин го победи Форти и се пласира на главниот турнир во Сан Марино!

48
фото: www.mtftennis.mk

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски успешно ги мина квалификациите и се пласира на главниот турнир во Сан Марино. Македонскиот тенисер денеска славеше над Франциско Форти од Италија, со 2:1 во сетови па така ќе игра на Челимнџерот 125 во Сан Марино.

Ивановски го загуби првиот сет со 6:7, но затоа во двата следни беше подобар од Форти со 6:4 и 6:4 за конечна победа од 2:1.

И дефинитивно Калин Ивановски потврдува дека е во добра форма и дека се враќа на старите патеки по повредата која минатата сезона го одалечи од тениските терени.

ПретходноТадиќ одби милиони од Звезда, за да потпише за Атлетико Мадрид
СледноСтруга ТЛ потпиша професионални договори со двајца млади фудбалери!