КАСИНОС АВСТРИЈА ИНТЕРНЕШАНАЛ МАКЕДОНИЈА СО ПОДДРШКА ЗА ГАЛИЧКА СВАДБА – ЧУВАРОТ НА МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИЈА

35

Годинава, со особена чест, Касинос Австрија Интернешанал Македонија ја поддржа Галичка свадба – културно богатство кое ја чува душата на македонскиот народ.

Од 11 до 13 јули, во срцето на мијачкиот крај, повторно одекнуваа зурли и тапани. Галичник ја раскажа својата свадбарска приказна – исполнета со љубов, обичаи и гордост. Годинава, со особена чест, Касинос Австрија Интернешанал Македонија ја поддржа Галичка свадба – културно богатство кое ја чува душата на македонскиот народ.

Секоја година на Петровден, Галичник оживува. Со оригинални ритуали, народни носии и вековни обичаи, Галичка свадба сведочи за едно време, една љубов, една истрајна традиција.

Годинашни младоженци се Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски – продолжувачи на наследството на старото галичко семејство.

Нашата поддршка не е само гест – туку заложба за зачувување на идентитетот, културата и корените. Културните вредности се темел на здраво општество – и ние ќе продолжиме да ги поддржуваме.

ПретходноДенвер стави крај на сагата: Јокиќ доби засилување под обрачите!
СледноМомент на вистината за Македонија, Илиевски денеска прозива!