Мареска: Мечот го добивме во првите десет минути

68
Фото: Челзи/Твитер

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, изјави дека неговиот тим ја обезбедил победата во финалето на Светското клупско првенство над Пари Сен Жермен во првите десет минути.

„Сините“ го победија освојувачот на Лигата на шампионите со два гола на Кол Палмер и еден на Жоао Педро.

„Немам зборови за моите играчи. Тие го заслужија тоа. Беше одличен момент. Мислам дека го добивме натпреварот во првите десет минути – го поставивме темпото што ни беше потребно. Бевме многу добри. За жал, во овие услови е тешко да се одржи тоа ниво во текот на сите 90 минути, но мислам дека го решивме натпреварот рано“, рече Мареска.

„Денес ја најдовме вистинската позиција за Палмер и тој имаше простор за напад. Среќен сум за Кол, но сите играчи покажаа фантастична посветеност“, нагласи Италијанецот.

Кога го прашаа што носи иднината за Челзи, Мареска одговори: „Многу сум среќен, но уште посреќен сум со трите недели одмор!“.

Ова е прва победа на Челзи над ПСЖ од 2014 година, по серија од четири натпревари без победа. За Луис Енрике, ова е прв пораз во клупско финале како менаџер по 12 последователни победи.

ПретходноМомент на вистината за Македонија, Илиевски денеска прозива!
СледноЕрменски тим кој загуби од Челзи со рекордни 8-0 го „пецна“ ПСЖ