Младинките испуштија победа, прв бод на ЕУРО

64
Фото: РФМ

Македонската женска младинска репрезентација ги освои првиот бод на ЕХФ ЕУРО кое се одржува во Црна Гора. Избраничките на Симе Симовски одиграа без победник против Литванија (29-29) во новоформираната група во битка од 9-16 место.

Нашите младинки имаа два напади за победа во самиот финиш, но не ги искористија. Сепак и едниот бод треба да ја вратат самодовербата после трите порази во првата фаза.

Македонија во првото полувреме беше под нивото, губеше со шест гола разлика (10-16 и 11-17), но после одморот успеа да се врати целосно во мечот. Со серија од 5-1 изедначија на 19-19, а после долго време запиша и водство (26-25). Од овој момент се играше изедначено до самиот крај.

Котевска со девет гола беше прв стрелец, два помалку имаше Миленкоска.

Македонија утре игра нов меч, против Исланд.

ПретходноБесарт Ибраими: Не е важно дали јас ќе постигнам гол, најважно е Шкендија да победи!
СледноНајавено, па потврдено: И официјално Чешмеџиев во Радник Бијелина! (ФОТО)