Момент на вистината за Македонија, Илиевски денеска прозива!

170

Македонската кошаркарска репрезентација денеска и официјално ќе стартува со подготовките за претквалификациите за пласман во квалификациите за СП 2017 година.

Под водство на новиот селектор, Марјан Илиевски, ќе се гради нов национален тим, на дело ќе видиме колку младите надежи навистина имаат капацитет да се носат со дресот на сениорската репрезентација.

Илиевски за овој циклус нема да смета на капитенот, Војдан Стојановски, како и најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ. На списокот го немаше стандардниот Бојан Крстевски, а поради повреда под обрачите ќе изостане и Андреј Маслинко.

Од искусните имиња кои треба да се појават се Стојан Ѓуроски, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ и Андреј Јакимовски, кој после долго време ќе го видиме во дресот на Македонија.

Собирот е закажан за денеска во 18 часот во „Кале“, а во претквалификациите Македонија ќе ги одмери силите со Унгарија и Романија.

ПретходноКАСИНОС АВСТРИЈА ИНТЕРНЕШАНАЛ МАКЕДОНИЈА СО ПОДДРШКА ЗА ГАЛИЧКА СВАДБА – ЧУВАРОТ НА МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИЈА
СледноМареска: Мечот го добивме во првите десет минути