ОФИЦИЈАЛНО: Алваро Карерас е нов фудбалер Реал Мадрид

116
фото: Real Madrid C.F. (X)

По вестите и шпекулациите кои пристигнуваа во последните неколку дена и официјално Реал Мадрид го претстави своето ново засилување од Бенфика, Алваро Карерас. Младиот шпанец, кој игра на позицијата лев бек, му се придружи на „кралскиот клуб“ за цена од 50 милиони евра.

Сумата за трансферот Реал ќе ја исплаќа на рати и дури 20% од парите ќе му припаднат на Манчестер Ј. Карерас премина во Бенфика минатото лето од редовите на „црвените ѓаволи“ за кои не впиша ниту еден настап. Инаку, Карерас беше дел од младинската школа на Реал Мадрид која ја напушти во 2020. година.

ПретходноОфицијално: Тиквеш го потврди потписот на Ивановски
СледноБохум потврди дека го раскина договорот со Елези