Стефан Ристовски ги одигра првите минути за Сараево!

301
FK Sarajevo/FB

Стефан Ристовски попладнево, на контролата со Зорија, ги одигра своите први минути за новиот клуб, за Сараево. Мечот заврши со резултат 0:0, а Македонецот кој минатата недела го официјализираше трансферот во најголемиот клув од БиХ беше стартер на овој подготвителен меч и беше во игра шеесетина минути.

Според извештаите од таборот на “бордо“ клубот од Словенија, каде тимот се наоаѓа на подготовки, Ристовски во својот прв настап одиграл сосема солидно и веднаш покажал дека ќе биде големо и екстра засилување за тимот на Сараево, каде што спортски директор е Македонецот, Крсте Велкоски.

ПретходноКадетите повторно поразени од Црна Гора!
СледноКолку сме толку сме: Македонија е повик кој не се одбива! (ФОТО)