Исланд пресилен, Македонија ќе разигрува за пласман од 17 до 24 место

81
Фото: РФМ

Македонската женска младинска репрезентација не успеа да приреди изненадување против фаворитот Исланд. После освоениот бод против Литванија нашите ракометарки се поразени од Исланд со убедливи 48-26.

Овој пораз значи дека Македонија ќе игра за пласман од 17 до 24 место.

Мечот беше решен во првото полувреме, противникот го отвори дуелот со 7-2, за кратко време поведе со 16-6. На одморот негативата беше 14 гола разлика (21-7).

Во продолжение немаше простор за кам-бек.

Тодоровска постигна шест гола, додека Кралева четири.

ПретходноБашкими се пофали и со Фљамур Џелили!
СледноМладиот Велески потпиша професионален договор со Е. Пелистер 2!(ФОТО)