Иако важат за одлични играчи за врска, што секој тим би ги посакал, јасно е дека Фермин Лопез и Марк Касадо во Барселона, покрај Гави, Педери и Де Јонг, тешко дека ќе се изборат за првитимскиот статус и за следната сезона.
Токму затоа стратегот на ПСЖ, Луис Енрике ги посакува во своите редови.
На тоа свој одговор има Хоан Лапорта, кој нема така лесно да се откаже од двајцата репрезентативци на Шпанија па за нив бара 130 милиони евра и услов било да одат во ПСЖ само во пакет.
Сега на потег раководството на европскиот првак кој посакува и тоа како да го засили средниот ред на тимот.
Се разбира дека тие 130 милиони евра и тоа како добро ќе му дојдат на Лапорта во намалување на финансиските проблеми.