СпортСпорт во Римини, Огнен Чак Дојчиновски
Фудбалерите на Вардар вечерва го одработија првиот тренинг во Сан Марино во очекување на реванш-мечот со Ла Фиорита в четврток во 1. коло од квалификациите за Конференциската лига. Централниот дефанзивец Мислав Матиќ, вели дека комплетното внимание на тимот е на реваншот.
„Сите се добри, одработивме добар тренинг, се подготвуваме за четврток. Секако одиме да бидеме фокусирани на мечот како да е 0:0, нема опуштање. Без разлика што е 3:0 за нас, ќе почнеме како да е 0:0 и да завршиме како што планираме. Одиме чекор по чекор, прво да го одработиме овој меч, па ќе видиме. Мислам дека сме поквалитетни од Ла Фиорита и ако бидеме фокусирани нема да имаме проблеми. Станува збор за добар тим, со брза игра, нема да биде лесно“, вели Матиќ
Вардар на првата средба во Скопје славеше со убедливи 3:0.